Прилепските пожарникарите за медал: Дали наместо двојазични табли, требаше да набавуваме современи возила?

Прилепската противпожарна единица, екипи од Центарот за јавно здрави и комуналните претпријатија деновиве вршат дезинфекција на јавните површини, булеварите и улиците во Прилеп, како превенција од ширењето на коронавирусот.

Дезинфекции на возилата се вршат и на влезовите во градот.

Она што можат да го видат граѓаните деновиве е тоа на какви маки се ставени службите кои работат со возила стари по 40-50 години.

За управувањето на старите ФАП камиони со кои се врши дезинфекцијата, прилепските пожарникари треба да добијат медали, а тоа може да се види и од фотографиите во продолжение:

Нека оваа ситуација во која се наоѓаме сите биде поттик и апел до надлежните, дека крајно време е да се обнови возниот парк и да се набават нови возила, особено во ТППЕ Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.