На 13.11.2025 во просториите на Природно – математичкиот факултет во Скопје, во организација на друштвото на физичари, се одржа XLVII Школа „Млади физичари“, на која беше одржан натпреварот во областа на експериментална физика.
Покрај натпреварот, се одржаа и предавања од различни области од физиката.
На настанот учествуваа седум ученици од гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп заедно со професорките по физика.
Под менторство на професорките по физика, со иновативни експерименти од областа на физиката и изработени, оригинални поставки за експериментите, учениците зедоа учество на натпреварот и постигнаа одлични резултати:
* Тимот составен од учениците од прва година: Марко Кузески и Христина Николоска, освои II награда, ментор проф.Соња Димовска
* Ева Беличанец, ученик во прва година, освои II награда, ментор проф.Соња Димовска
* Мила Вршкоска, ученик во втора година, освои III награда, ментор проф.Марина Попоска
* Георги Николоски ученик во четврта година, освои III награда, ментор проф.Ивана Златевска Кедиоска
* Андреј Вршкоски од трета година, ментор проф.Соња Димовска и Ивана Атанасоска од четврта година, ментор проф. Марина Попоска, имаа успешно учество
























