Прилепскиот cyд доби нов пpeтceдател

Судскиот совет на Македонија на денешната 320-та седница, одлучи за следното:

Усвоени се конечните ранг листи на кандидатите за претседатели на Основен суд Битола со одделение во Демир Хисар, Основен суд Велес, Основен суд Делчево, Основен суд Кавадарци, Основен суд Кичево со одделение во Македонски Брод, Основен суд Крива Паланка, Основен суд Прилеп, Основен граѓански суд Скопје и Основен суд Штип.

Донесени се одлуки за избор на претседатели, по оглас бр.08-253/2 од 7.02.2019 година, и тоа:

За Претседател на Основниот суд во Прилеп е избран судијата Зоран Стеваноски. За претседател на Основниот суд во Битола избран е судијата Миле Димовски. Во Велес е избрана Лидија Димова, во Делчево Миле Ѓорѓиев, а кандидатот за Претседател на Основен суд во Кавадарци не го доби потребното мнозинство на гласови од членовите на Советот со право на глас.

Судскиот совет донесе и одлуки за избор на Претседатели во Основните судови во Кичево (Амдије Зенку), во Крива Паланка (Љубица Цветковска Стојановска), на граѓанскиот суд во Скопје (Илир Сулејмани) и Претседател на Основниот суд во Штип, Ѓорѓи Андонов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.