Прилепскиот тенор Илија Белистојаноски одново се закити со прва награда

12321146_1678342172438124_8744387648300352592_n

На натпреварот “Лазар Јовановиќ “, кој се одржа во Белград за оперски изведувачи, нашиот Илија повторно не израдува со прва награда од стручно жири. Битно е да се напомени тоа дека во тоа жири беше и Дуња Симиќ, позната оперска дива која има настапувано на сцените во Франкфуст, Дортмунд, Бремен, Базел, Линц и во други познати оперски куќи. Настапите на Илија на 12ти и 13ти декември во категорија на професионалци, одново ја потврдија врвноста на неговиот глас и можноста за уште поголеми успеси во иднина. Инаку малдиот тенот имаше успешни настапи на концертите за студенти од факултетите за музичка уметност во Скопје и Штип, поточно на концертот “Коста Трпков” заедно со оркестарот на МОБ. Надареноста и техниката на изведувањето на тенорот Белистојаноски не остана незабележана од страна на дирекцијата на МОБ, која во мај 2015 г., уште како студент, го повика да настапи на отворањето на “Мајските Оперски Вечери” 2015 во улогата на Малколм во „Макбет“.

Претходно Илија Белистојаноски се врати и со прва награда од Софија, Бугарија, каде на натпреварот “Руска романсијада” исто така ги освои симпатиите на тамошното стручно жири.

Му посакуваме уште многу вакви успеси во иднина !

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.