Прилепскиот театар премиерно ќе ја одигра претставата “Саатот”

На 2 април /четврток/од 20.00 часот на Сцена 105 театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе претставата „Саатот“.

СААТОТ од Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Режија: Кристина Димитрова
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценoграфија и костими: Благој Мицевски
Музика: Филип Јездиќ и Томе Темелкоски

Играат:

СААТОТ – Филип Јездиќ
ЈОВАН – Димитар Ѓорѓиевски
ВЕРА – Наташа Ачански
Вокална појава во финалната сцена – Ана Митоска

Техничка екипа:

Инспициент – Елена Иваноска
Светло мајстор – Ристе Грковски
Тон мајстор – Томе Темелкоски
Суфлер – Кети Јанчески
Сликар исполнител – Пеце Ристески
Реквизитер – Гоце Тодороски
Гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер – Даринка Богоеска
Декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски

Благодарност до Огнен Јанески, Даниела Иваноска, Гоце Кантар и Кристина Димитрова за позајмените гласови

Персонифициран ѕиден часовник е дел од животот на еден брачен пар – постојано ги следи, им го окупира просторот и буквално им го одбројува времето. Проблемот започнува токму од нивниот различен однос кон времето: додека мажот е спокоен и нема проблем со присуството на саатот, на жената ѝ пречи неговото непрекинато чукање, ја прави нервозна и премногу свесна за поминувањето на времето. Таа упорно
го наведува сопругот да заминат некаде и да почнат да прават нешто значајно со своите животи пред да биде предоцна, но каде и да оди, што и да прави, таа не успева да се ослободи од чукaњето на саатот.

Времето не гарантира смисла – ни овде, ни никаде.

Ова е претстава за судирот меѓу објективното и субјективното време кои ретко се синхронизирани, но и за повторливоста наспроти минливоста – две спротивности од кои колку и да бегаме, секогаш, без исклучок, нѐ наоѓаат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.