На 18.02.2020, со почеток од 19:30 часот, прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” ќе одбележи 70 години од своето постоење.
По тој повод актерите од театарот, заедно со бендот “The Hounds” подготвуваат специјален проект, музички перформанс кој е насловен како “Моve The Beat”.
“Оваа година славиме 70 Години Театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп. Актерите, заедно со бендот The Hounds – за чија големина и шарм веќе знаете – го создадоа музичкиот перформанс “Move The Beat”, кој премиерно ќе биде изведен на 18.02.2020год, во 19:30ч. Ова е прв проект од ваков тип и токму заради тоа, задоволството и среќата, се уште поголеми”, пишува во настанот на Фејсбук.
Организаторите на настанот најавуваат повеќе информации околу билетите наскоро.