(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)
“МИТРОПОЛИТ ПИМЕН 28. мај 2018 г.: Ние искрено се надеваме дека нема да отстапиме од нашето уставно име. Ако на крајот мнозинството надвладее за да одлучи да се промени, во името на црквата ние секако тоа не би го инкорпорирале во нашето име.
Нашето име е Македонска православна црква бидејќи се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото на народи кои ги имаме. Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, затоа што имаме ние и еклисиолошко име Охридска Архиепископија, имаме национално име како Македонска православна црква, изјави Владиката Пимен, Митрополит на Европската епархија на МПЦ.
ЈАС: Простете Ваше Високопреосвештенство, но оваа Ваша изјава е котрадикторна со изјавата која ја давате во видео спотот во кој кажувате дека ќе гласате „ЗА“ на предстојниот референдум.
Со сета должна почит, но владико, како тоа од една страна „се надеваме дека нема да отстапиме од нашето уставно име“ а од друга страна со Вашиот глас „ЗА“ Вие сте тој кој што отстапува и сакате да придонесете да се промени уставното име?
Живо ме интересира, кое би било Вашето објаснување за ваквата промена на ставот искажан на 28 мај во Охрид?
Претпоставувам имате доволно добра причина за ваквиот чекор и свесни сте за последиците од него, зашто очигледно, менувањето ставови му штети на Вашиот углед и авторитет.
Простете што ќе бидам искрен и ќе речам дека тоа не ме загрижува. Многу повеќе ме загрижува фактот дека со Вашиот глас „ЗА“ покренавте бура од негативни реакции кои, неспорно, влијаат на угледот и авторитетот на МПЦ-ОА! Простете и благословете!”