Прилепскиот Основен суд денеска доби нов Претседател

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 442 седница утврди престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на четворица судии.

Станува збор за судиите Аце Бакиевски од Апелацискиот суд Битола, Елези Исмаил од Основен суд Кичево, Зоран Стевановски од Основен суд Прилеп и Александра Зафировска од Основен суд Тетово.

На денешната седница, исто така, беше донесена одлука за определување на в.д претседател на Основен суд Прилеп, при што беше избрана судијката Јасмина Шишковска Стојковиќ.

Усвоен беше и извештајот на Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документите на кандидати од спроведена постапка по оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово, Основен суд Крушево и Основен суд Прилеп и беше донесена одлука да се објави оглас за избор на претседатели на основните судови Крушево и Берово, за кој избор беше формирана и комисија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.