На празникот 11 Октомври, се одржа “DANCE OFF – СКОПЈЕ”, натпревар кој до пред 2 години беше Европско првенство во стреет денс и хип хоп.
На натпреварот учество зеде прилепскиот денс клуб “New Generation” и се покажаа во одлично светло. Поради состојбата со Koвид-19, oваа година натпреварот се одржа на отворено, а од “New Generation” се претставија со две точки, една групна формација и едно дуо.
Во дуо беа Теона Томеска и Исидора Христоска, додека во групна формација учество зедоја: Ивана Богојевска, Марија Ранчан, Магдалена Еленоска и Ана Јованоска.
За неколку месеци прилепскиот клуб ќе слави 10 години постоење, а од таму најавуваат освојување на големите европски натпреварувања.