Прилепскиот затвор има нов директор

Александар Дамески, до вчера вработен во општина Кривогаштани, е именуван за нов директор на затворот во Прилеп.

Дамески доаѓа на местото на Слободанчо Ристески, кого владата пред два дена го разреши од функцијата, а вчера доби и кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,, несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик на Република Македонија.

Повеќе информации за тоа ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.