Дебитантот на голот на македонската ракометна репрезентација, прилепчанецот Благојче Трајковски ја има втората најдобра одбрана на Светското првенство во Франција.
Неговата одбрана на натпреварот против Словенија, заедно со одбраната од наредниот напад на словенскиот голман Матевж Скок се рангирани на второто место.
Иако Трајковски имаше и многу подобри одбрани, сепак организаторите решиле тој да го подели второто место со голманот на Словенија.
А.Г.