Прилепска вечер за доизградба на храмот Св. Петка

IMG_1281

Синоќа во Скопје во националниот ресторан „Македонска куќа“, беше организирана прилепска вечер, која имаше хуманитарна цел. Имено, средствата од собраните влезниците се наменети за доизградба на храмот „Света Петка“ во населба Точила. Прилепчани кои, својот семеен живот и бизнис го продолжиле во Скопје и останале да живеат и работат во него, синоќа се собраа, да се видат и помуабетат, да се дружат и забавуваат, но и да донираат. Имено, со купувањето на  влезниците гостите донираа за доизградба на храмот „Св. Петка“ во Точила.

Вечерта беше отворена од страна на новоформираниот црковен хор „Св.Петка“, градоначалникот Марјан Ристески,  Владиката Петар и членовите на иницијативниот одбор. На вечерта присуствуваа и гости од бизнис заедницата, од Регионалната стопанска комора од Прилеп, спортисти, естрадни музичари.

Организаторите беа задоволни од одзивот на настанот и порачаа оваа „Прилепска вечер“ да стане традиционален настан.

Организацијата на овој настан потекнува од Иницијативниот одбор за доизградба на храмот „Св.Петка“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.