Во Прилеп викендов се одржува првиот “Prilep Outlet Weekend”. Идејата е заживување на прилепската Стара чаршија, а за таа цела учество зедоја над 200 дуќани кои своите производи ги нудат со попусти и до 70%.
Олку народ прилепската чаршија не памети од одамна, со што може да се заклучи дека идејата е повеќе од успешна.
Во градот денеска има гости од речиси сите општини во Македонија, кои се дојдени да се подноват во Прилеп.
“Prilep Outlet Weekend” понуди и богата музичка програма, па освен дуќаните, денеска со гости полни се и кафулињата и рестораните, каде исто така има попусти на пијалоците и храната.
Прилепчани сметаат дека ваков викенд треба да има на крајот од секоја сезона, односно најмалку четири пати годишно.