Илија Несторовски конечно му ги отвори очите на раководните луѓе на клупата на македонската фудбалска репрезентација. Прилепчанецот е стартер вечерва на вториот меч против Израел од квалификациите за Светското првенство во Русија, што моментално се игра на фудбалската арена “Филип Втори” во Скопје.
Несторовски веднаш ја оправда довербата и со прекрасен погодок во 63-та минута од натпреварот, ја врати нашата репрезентација во игра за бодови во овој натпревар.