Прилепската болница доби донација амбулантно возило – Ќе се користи за потребите на ромската заедница (ФОТО)

Преку проектот „Обезбедување пристојни услови за живот за ромските домаќинства во Општина Прилеп“, кој општина Прилеп го реализира во соработка со организациите “ЧЕЛИМ” од Милано, “Ромски Ресурсен Центар” од Скопје и “Ромаперспектив” од Прилеп, a со финансиска поддршка од Европската Унија, денеска беше предадено амбулантно возило, кое ќе биде ставено во функција на Општа болница со проширена дејност – Прилеп, и ќе се користи како мобилна клиника за потребите на жителите на ромската заедница во населбата Тризла.

-Амбулантното возило што денес го примаме е директен резултат на заложбите на сите партнери во проектот и потврда дека кога има заедничка волја, можеме да направиме реални и одржливи промени во заедницата. Проектот, како целина, има за цел подобрување на условите за живеење и пристапот до основни услуги во ромската заедница преку легализација и реконструкција на домови, изградба на инфраструктура, образовна и социјална поддршка, како и програми за вработување на млади и жени – истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Ова возило ќе биде од огромен бенефит за прилепската болница, со оглед на тоа дека државата веќе 10 години нема набавено нови амбулантни возила.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.