Прилепската боксерска гордост од школата на Чатлески, на припреми во Копаоник – пред него се големи предизвици (ФОТО)

На Копаоник во Србија, вчера допатува македонската боксерска репрезентација на седумдневни висински припреми под водство на селекторот Петре Чурлиновски.

Нашата репрезрнтација се подготвува заедно со српската боксерска репрезентација во кадетска и јуниорска категорија.

Од Македонија присуствуваа 10 боксери, меѓу кои и репрезантивецот Трајче Илиоски од боксерскиот клуб “АС” од Прилеп.

Трајче припремите ги започна од 22 овој месец на младинскиот камп што го организира БФМ, под водство на тренерот Вели Мумин и тренерите, легендарнот Реџеп Реџеповски, кој има Олимписко сребро, Дарко Чатлески и Мице.

“Овие припреми се од големо значење за нашиот боксер. Не очекува втората сезона од бокс лигата на Македонија, каде имаме уште четири кола, Државното првенство и Европското кадетско првенство, што ќе се одржи во Русија на почетокот од октомври. Ова е голем придонес за боксот и младите боксери од страна на БФМ и Агенцијата за млади и спорт”, изјави Дарко Чатлески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.