Приказна за човекот кој на злото одговори со љубов, приказна за Абу Лајла

За тие што не знаат Кобане е град на границата на Сирија со Турција и каде од 2014 до крајот на 2015 година, се водеа жестоки борби помеѓу сириската армија и борците на Исламска држава.

12121

Ова е светот каде постојат омразата, лагите и насилството, ова е светот каде на насилството се одговара со уште повеќе насилство, светот каде е потребна премногу љубов и храброст за да се прости.

Ова е приказна за Фејзал Абу Лајла, човекот кој во целата таа злоба и омраза имаше чисто и полно со љубов срце.

Абу Лајла беше командат на Северниот Сончев баталјон кој се бореше против ИСИС при опсадата на Кобане во 2014 година.

Неговиот баталјон беше еден од ретките во Сирија кој беше составен од повеќе етникуми, меѓу кои: Арапи, Курди и Туркмени.

Абу Лајла стекна интернационална слава на 7-ми ноември 2014 година, кога спаси еден припадник на ИСИС заглавен во урнатини во Кобане.

Кога камерманот го праша, зошто спасува непријател, Абу Лајла, кој е муслиман по религија, одговори: “Ние сакаме да му покажеме на светот дека го сакаме човештвото, спротивно на ИСИС кои го мразат и шират смрт на сите страни. Па затоа ќе го извадиме од овде, ќе го лекуваме и ќе го испратиме назат кај неговото семејство”.

Групата на Абу Лајла се бореше рамо до рамо со Курдите, но беа помалку бројни и помалку вооружени од борците на ИСИС. Па до крајот на октомври 2014 година, ИСИС го имаше под контрола поголемиот дел од Кобане и се наоѓаше на 300 метри од турската граница.

Во меѓувреме Абу Лајла продолжи да се појавува низ фронтовите на Кобане со насмевка на лицето.

Сепак настана голем пресврт и ИСИС ги загуби своите позиции во Кобане.

Во одлучувачката битка на 29-ти ноември 2014, борците на ИСИС извршија изненаден напад на Кобане.

Абу Лајла беше во првите борбени редови да го брани Кобане, но беше ранет во таа битка. Иако реши да ја заврши својата војничка кариера на почетокот на 2015 година, сепак го промени своето мислење и се врати кај својот баталјон, повторно со насмевка на лицето.

На 25-ти јуни 2015, ИСИС започна со терористички напади во Кобане, во кои загинаа 200 цивили. Абу Лајла беше во својот дом и се бранеше од балконот на својата куќа. Тој продолжи да се бори до крајот на цела 2015 година, беше победник во многу битки и конечно на крајот од годината го виде ослободен својот град.

Кобане остана во рушевини, но повторно од ново се гради и се појавува нова искра на живот и надеж.

Малку се ваквите луѓе, кои и во најцрните мигови имаат срце полно со љубов, кои сакаат тоа да му го покажат на светот и да не подучат дека и во најтешките мигови и кога мислиме дека дошол крајот на светот, постојат позитивни работи кои треба да го водат човекот.

Пред неколку дена Абу Лајла беше погоден од снајперски оган, при што наредниот ден им подлегна на повредите.

За нас овој човек е херој и вистински пример за тоа како се сака и се гине за својата држава, за својата нација, за својот народ.

 

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.