Приведен сторителот на убиството кај Беловодица прилепско: Се работи за 23-годишен полицаец од Битола?

Ноќеска (15.09.) околу 02,00 часот полициски службеници од ПС Прилеп и СВР Битола го приведоа Е.Т. (24) од Битола, полициски службеник, поради основано сомнение дека сторил кривично дело “убиство“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

Имено, вчера, на 14.09., околу 16,30 часот било пријавено дека во с.Беловодица- прилепско на патот гори непознато лице. Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело. Утврден е идентитетот на убиениот , А. Б. (36) од Битола, кај кого биле забележани прострелни рани во телото.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и околу 02,00 часот приведен е Е.Т., кој во целост го признал делото и го објаснил начинот на кој го извршил. Во текот на денот, Е.Т. ќе биде предаден на Јавното обвинителство- соопшти Ангеловски.

Како што дознава МИА убиецот е 23-годишниот Енвер Т., полицаец од СВР Битола, кој од битолската е доведен на распит во прилепската полиција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.