Маршала Перкинс, 19 годишна девојка од Тексас е уапсена откако кај неа биле пронајдени два грама марихуана. Во полиција ја фотографирале, а нејзината фотографија брзо станала вирален хит.
Иако фотографијата е стара неколку месеци, неодамна ја откри една корисничка на Твитер и веднаш следеа лајковите. Имено, на жените најмногу им се допаднало како таа е нашминкана.
-Ослободете ја, треба да не учи шминкање, е само една од бројните пораки на поддршка.
-На почетокот мислев дека е непријатно затоа што мојата фотографија толку се прошири, но бидејќи прочитав позитивни коментари, помислив и дека не е така лошо, вели Маршала.
Набрзо нејзиниот број на следачи на Инстаграм порасна, а една компанија и понуди за нив да направи мејк- ап колекција. Неодамна направи свој Јутјуб канал, иако уште нема објавена видеа на него.