Преубавата Македонка ја освои титулата “Мис на Балканот” за 2019 година (ФОТО)

Фото: “PRessSerbia”

Петнаесетта година по ред, во средата во хотелот “Амбасадор” во Белград, се одржа официјалниот изборот за Мис на Балканот за 2019 година.

Овогодишниот избор го носеше слоганот “Освои, победи, биди Мис на Балакнот”.

Во присуство на голем број јавни личности и поранешни мисици од Балланот, актуелната Мис Глобал, Романката Дениса Ходисан, својата круна и ја предаде на нашата убавица, Кристина Димитријевска.

Кристина е 23-годишна девојка од Тетово, која со оваа титула ја оправда титулата Новогодишна Балканска убавица, која ја освои кога имаше само 17 години.

Таа е член на модното студио “Црнокрак”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.