Репертоар на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”. Во петок (27.09) со почеток од 20 часот, претставата “БУРА” од Вилијам Шекспир, а во режија на Џон Блондел.
Податоци за претставата:
БУРА
Вилијам Шекспир
Режија и адаптација: Џон Блондел
Сценографија, костими, светло и плакат: Благој Мицевски
Музика: Томе Темелкоски
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Играат:
ПРОСПЕРО, вистинскиот војвода од Милано……………………………………………………ИГОР ТРПЧЕСКИ
МИРАНДА, ќерка му………………………………………………………………………………….АНГЕЛА НАУМОСКА
АРИЕЛ, дух, ветроштина………………………………………………………………………….ДАНИЕЛА ИВАНОСКА
КАЛИБАН, роб на Просперо………………………………………………………………………..НАТАША АЧАНСКИ
АЛОНЗО, кралот на Неапол; ТРИНКУЛО, шут…………………………………………ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ
АНТОНИО, брат на Просперо; СТЕФАНО, служител………………………………..АЛЕКСАНДАР ТОДЕСКИ
ФЕРДИНАНД, син на Aлонзо; ГОНЗАЛО, советник………………………………..МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ
СЕБАСТИЈАН, брат на Алонзо…………………………………………..КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА
ЈУНОНА, дух во служба на Просперо………………………………………………………………….АНА МИТОСКА
Техничка екипа:
Инспициент – Елена Иваноска
Суфлер – Лилјана Батлеска
Светло мајстор – Ристе Гркоски
Сликар исполнител – Пеце Ристески
Реквизитер – Гоце Тодороски
Гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер – Даринка Богоеска
Декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски
***********************************
„Ниту една друга драма нема што во себе ја содржи целата богата сложеност на животот. Ако имаме среќа да живееме доволно долго, преживуваме бури; се вљубуваме; изневеруваме или сме изневерени; вршиме или трпиме насилство – вербално, психичко или емоционално; претрпуваме загуба; се прашуваме што нѐ чека; се смееме со пријателите; се каеме за грешките и чекориме кон неизвесната иднина.“