Претседателот Ѓорге Иванов заедно со својата фамилија, градоначалникот Марјан Ристески, министерот за внатрешни работи Митко Чавков, државниот секретар во МВР, Анастасија Илиеска, пратениците во собранието на РМ и претседателот на совет Никола Димески денеска присуствуваа на Свечена Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец.
Претседателот Ѓорге Иванов и Градоначалникот Марјан Ристески го честита празникот:
„На сите православни верници им упатуваме искрени честитки по повод празникот „Успение на Голема Богородица“, посакуваме мигови на разбирање, љубов, надеж и бериќет во секој дом и Господ да ги поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата.
Пратеничката Ане Лашкоска на сите православни христијани им го честита денешниот празник и посочи дека наскоро ќе започне изградбата на новите конаци на манастирскиот комплекс, еден од најзначајните и најобемните проекти, а при крај е изградбата и на источниот конак на манастирот „Свети Архангел Михаил” во Варош.
Повеќе граѓани, почитувачи на традицијата, денеска го посетија манастирот „Трескавец“ каде се празнуваше денешниот празник како и празникот на храмот.
[Best_Wordpress_Gallery id=”31″ gal_title=”Претседателот на РМ Ѓорге Иванов и Градоначалникот Ристески го честита празникот „Успение на Голема Богородица“”]