Претседателот на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров, бил претепан по осветувањето на крстот во скопски Бутел.
Неофицијално, околу 12:30 часот тој бил нападнат во угостителскиот објект „Казабланка“ во близина на Скопски саем.
Болнички извори за Пресс24 брифираат дека Петров во моментов се наоѓа на една од скопските клиники, каде му се санираат повредите здобиени во инцидентот.
Од МВР се уште нема потврда за овој инцидент.
Министерството предводено од Оливер Спасовски од СДСМ не излезе со никакви информации. Техничкиот министер Спасовски молчи и се крие.
Светскиот македоски конгрес го предводи поставувањеето на крстот во населбата Бутел.