Прес конференција во ФК Победа на претседателот д-р Гоце Ингилизов, Шефот на стручниот штаб Дарко Крстески и портпаролот Петар Димоски

 

Во пресрет на саботниот последен второлигашки натпревар сезонава против Велазерими(16,30 часот) во клупските простории на ФК Победа беше организирана средба со новинарите на претседателот д-р Гоце Ингилизов, Шефот на стручниот штаб Дарко Крстески и портпаролот Петар Димоски:

3

Претседателот Ингилизов говореше за организацијата на натпреварот:
-Прилеп е најфудбалскиот град во Република Македонија и не е тешко да се донесе публиката на стадион, посебно кога Победа има добри резултати.Атмосферата воопшто не е опуштена затоа што победата на овој натпревар ни е прекупотребна за да го обезбедиме првото место на второлигашката табела.Сега кога веќе сме на врвот и имаме шанса да го освоиме шампионскиот трофеј во Втората лига јас би бил пресреќен кога би оствариле победа. Се надевам дека во сабота во 16,30 часот ќе имаме една прекрасна фудбалска атмосфера, дека ќе имаме повеќе публиката отколку на средбата со Љубанци пред две недели и дека со така бројна публика ќе дадеме подршка и крилја и дополнителен мотив на фудбалерите да остварат победа со која ќе го прославиме првото место во Втората лига. Организацијата на натпреварот е при крај. Очекуваме уште поголема посета отколку на средбата со Љубанци на која имаше над 7.000 гледачи. Воопшто не е лесно да се организира еден ваков натпревар, но ние сме подготвени . Во оваа прилика би ги повикал сите љубители ан фудбалот да дојдат малку порано на стадионот ,,Гоце Делчев,, за да се избегне онаа гужва која се создава пред почетокот на натпреварот.
Шефот на Стручниот штаб Дарко Крстески нема проблеми околу составот. Нема казнети ни повредени-сите играчи се во комбинација и на располагање за саботната средба:
-Пред две кола успеавме да обезбедиме влез во Првата лига, со што малку ја релаксиравме атмосферата во екипата но тоа не значи дека не се работи максимално. Знаеме што ни носи многубројната публика во Прилеп. И на играчите им споменав дека од нив се бара максимално залагање. Кој и да го почне натпреварот или да влезе од клупата, ќе даде 150%. Единствен проблем е што сите ќе сакаат да играат на овој меч. Немаме ни картони ни повредени.
Со Љубанци имаше грч и оптеретување од важноста на бодовите. Работевме тактички за да стигнеме до целта. На овој меч имаме огромна желба да излеземе и да одиграме пред прилепската публика на терен и за прилепските фудбалски гурмани, малку порелаксирано и поатрактивно. Се надевам дека ќе дојде повеќе публика и сите заедно на крајот да го прославиме влезот во Прва лига….
Претседтелот Ингилизов, одговарајќи на новинарско прашање околу плановите за Првата лига рече:
-Јас немам искуство во Првата лига, но низ разговорите со поидкусните кои воделе ќе биде 5-пати потешкпо но и 5-тпати поголем ангажм за да бидеме конкуретни во Првата лига. Подготовките се започнати на неколку планови. Во разговор со спонзорите и Управниот Одбор веќе разговараме и креираме буџет кој би бил конкурентен за Првата лига. Низ градот се слушаат муабети и се вртат одредени имиња на играчи, но се се тоа шпекулации. Во разговор со Стручниот штаб и спонзорите откако ќе помне овој меч, од следната недела ќе дефинираме буџет и ќе почне да се зборува за засилувања з аПр4вата лига. Овие игралчи кои с етука, сметам поголем дел се добри за Првата лига. Костурот на тимот ќе биде прилепски тоа сите треба да не радува а мене најмногу ќе ме радува доколку сите играчи бидат прилепски и бележиме успеси и во Првата лига. Но веројатно ќе треба да се засилиме на неколку позиции и тоа ќе го правиме со во разговор стручниот шптаб затоа што играчите кои ќе ги донесеме треба да бидат добри за да не кренат во нивото на играта.

1

Тренерот Кестески говореше околу засилувањата и амбициите: -З а Управата и Стручниот штаб допрва престои големата обврска за да се среди до почетокот на подготовките тимот од околу 25 играчи и да се направи цела селекција. Очекувам поголем дел од играчите 85% да останат, но очекувам 4-5 до 6 засилувања кои ќе бидат една или две класи подобри од тие кои ќе заминат и да бидат носители на играта. Во Победа отсекогаш имало ,,странци,,.Била шампион играла и во Европа ..па имало играчи од страна кои давале друг ритам, друг тон. Видовме при крајот имавме згуснат распоред и се јави замор и требаше освежување оти товарот го изнесоа 13-14 играчи. Но во Првата лига на секој меч ќе мора да се влезе со 150% а теретот не ќе можат да го изнесат 13-14 туку најмалку 18 играчи кои во секој момент ќе треба да одговрат на секоја позиција исто.. Треба да ја освежиме екипата на секоја позиција. Во одбрата треба да освежиме, малку повеќе во средниот ред, во нападот еден шипиц. Од крилните напаѓачи сум презадоволен и ги имаме доволно. Во секоја линија да се појачаме, и тоа што ќе седат на клупа кога ќе добијат шанса да го подигнат нивото, а не да с еплашиме дали тј да влезе или да не влегува. Очекувам 22 играчи да бидат исти на секоја, без двоумење кој ќе игра. -Амбициите ќе зависат од појачањата. Овие постојни играчи со 4-5 засилувања можат да дадат повеќе отколку во Втората лига, да се надоградат. Со квалитетни засилувања можеме да бараме пофдобар резултат. Екипите во Прва лига ги познавам добро. Има 2-3 екипи со поголем квалитет…Но играч се станува со јаки натпревари и силна лига. Талентот се надоградува со силно натпреварување. Ќе ја имаме Првата лига па зошто да не очекуваме еден Шаркоски, Дунимаглоски или Наумоски да не ги побара една Звезда или Партизан,,, но сето тоа со силни натпревари…а тоа сега во Првата лига ќе го имаме..На пријателскит меч со Вардар се виде дека со освежување може да се носиме…Со поголем пристап и постојните играчи ќе дадат подобри резултати.

2




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.