Се поголем и поголем е бројот на туристи кои секоја година го посетуваат Преспанското Езеро.
Природната убавина, урбанизираните убави плажи и пристапните цени ги привлекуваат Македонците, но значително е зголемен и бројот на странските туристи.
Тимот на ТВ Нова замина во Преспа со цел да ја истражи темата, но и со својот дрон да ги сними новите плажи што дополнително го разубавуваат просторот и ги привлекуваат капачите.