ПРЕСПА ВРИЕ ОД НАРОД: Ниски цени, уредени плажи, одлично разладување

7

Преспанското Езеро доживува нова преродба. Со уредувањето на плажите на крајбрежјето се враќа стариот сјај на второто по големина природно езеро во Република Македонија. Редици автомобили и рој капачи во водата е секојдневната слика по плажите во Сливница, Стење, Претор, Отешево…

Цените се достапни до сечиј џеб, разладување има за секого, а пред се чист воздух и песочни плажи.

Секојдневно врие од автомобили и се бара место плус од жителите на Пелагонија, а не заостануваат гости и од подалечните градови.

Особено гужва е во викендите кога прилепчани и битолчани доаѓаат и се чувствуваат како дома.

Се инвестира во сите излетнички места, се поставуваат нови шанкови, се средува инфраструктурата на плажите, се прават детски паркови и се воведуваат многу новини. Напорите на државата и на Министерството за транспорт и врски, се насочени кон наново заживување на езерото и враќање на старата привлечност и атрактивност на воздушната бања наречена Преспа.

Ваква беше денешната слика на плажата во Сливница.

6

5

Голема и широка песочна плажа, секогаш привлечна за посетителите и за љубителите на природата и зеленилото, кое го имате на секој подалечен видик.

Моментално во Сливница се гради и нова плажа, која ќе ја задоволи потребата од плус простор.

3

1

2

Водата пријатна и со одлична температура за капење. Недостасуваат угостителски објекти, но во близина е Претор, каде можете да уживате во вкусна, евтина и разновидна храна.

Посетете ја Преспа и Преспанското Езеро, ќе поминете одлично, ќе се разладите и ќе понесете пријатни спомени.

4

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.