Пресвртница во Црна Гора! Mило тргнува во акциja – “Ќе формираме Влада”

Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ соопшти денес дека е подготвена за постизборни разговори со потенцијалните партнери во формирањето на новата Влада и ја повикаа меѓународната заедница да молчи како што тоа го правела и до сега, кога станува збор за мешањето на соседната држава и Црква во изборниот процес во Црна Гора.

Тоа е соопштено откако синоќа беше одржана седница на партиското претседателство, со која претседавал Ѓукановиќ, а на која биле анализирани резултатите од парламентарните избори одржани на 30 август.

Се наведува дека се остварени изворни резултати на ДПС “под очекувањата”, но дека тоа е партијата која е “поединечен победник” со најмногу мандати.

“Таков резултат е остварен во услови на пандемиjaта од Кoвид-19 и нејзините пocледици, незабележана пропагандна кампања до сега во државата и соседството, отворено учество на Српската православна црква…”, што, како што велат, било осудено од меѓународната заедница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.