Пренџов до Ахмети и Заев: Мало коpyмпирано малцинcтво го yгнетува големото и чecно мнозинcтво (Видео)

Во Македонија постои едно мало корумпирано малцинство, кое што живее врз грбот на големото и чесно мнозинство – рече од Собраниската говорница пратеникот на ГРОМ Љупчо Пренџов, земајќи збор за предложениот состав на новата Влада која треба да ја предводи Зоран Заев во партнерство со Али Ахмети.

„Не случајно општиот впечаток на народот е дека во Македонија постои едно мало корумпирано малцинство кое го угнетува големото и чесно мнозинство. Дека сме држава без право и правда. Дека сме единствената држава во светот каде што премиерот – првиот човек на извршната власт беше на чело на Советот за реформи во ‘независното’ правосудство“ – констатира Пренџов.

Пренџов продолжи да зборува за правосудниот систем како „шести играч“ на власта на политичкиот терен, злоупотребувајќи ги своите надлежности за апсење и уценување на политички неподобните граѓани.

„Држава во која судиите, а пред се омилените јавни обвинители на власта како шести играч влегуваат на политичкиот терен и го расчистуваат патот така што апсат и ослободуваат политички противници на премиерот“

Ова не се одлики на европски политики и европска влада каква што сакате да прикажете – заклучува Љупчо Пренџов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.