Премиера на “Хамлет од Горно Дупени”

DSCN8536 (1)

,,Хамлет од Горно Дупени,, во режија на Кирил Петрески е новата претстава која  премиерно ќе биде прикажана во среда 13 април од 20 часот на сцената на театарот ,,Војдан Чернодрински,,. Претставата е работена според текстот ,,Хамлет од Долна Мрдуша…,, од Иво Брешан, драмски текст напишан  уште во 1965 година.

Оваа гротескна трагедија е травестија на познатата комедија од  Шекспир ,,Хамлет,,. Се работи за еден од најдобро напишаните драмски текстови во тој период од редот на т.н.,,политички театар,,. Поставуван е во многу театри низ Македонија и низ поранешните ју простори. Во прилепскиот  театар овој текст двапати е поставуван. Текстот во прилепскиот театар се поставува по 45 години од неговата празиведба, а  претставата го прикажува целиот апсурд на еден општествен поредок и воопшто на власта.

DSCN8527 (1)

-Го прикажува и местото на човекот како двигател на општествената машинерија, но и како нејзин роб. Современиот Хамлет е исправен пред предизвиците кои му ги носи животот и пред товарот на своите одлуки и компромиси, товар кој не му дозволува да живее достоинствено. На сцената се отвора еден нов свет каде што политиката навлегла длабоко во секоја пора од животот. Меѓутоа наспроти фактот што е неизбежна, политиката во оваа претстава не е во фокусот, туку служи  како основа врз која се отвораат и се развиваат универзални и вечно актуелни теми – вели режисерот Кирил Петрески.

Играат Марјан Чакмакоски, Андон Јованоски, Марија С.Илијеска, Наташа Наумоска, Александар Тодески, Зоран Иваноски, Димитар Црцороски, Михајло Миленкоски…

Сценографијата е на Зоран Николовски, костимограф  е Даниела Настоска, а музиката Томе Темелкоски.

Plakat def.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.