Во недела 8 мај 2016 во 20.00 часот во театарот,,Војдан Чернодрински,, премиерно ќе биде прикажана претставата ,,Обѕрни се во гнев,,.
Автор: Џон Озборн
Режија: Кристина Димитрова
Драматурзи: Ивана Нелковска,Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија и костими: Илина Ангеловска
Музика: Дарија Андовска
Превод: Лидија Митоска -Ѓорѓиевска
Играат:
ЏИМИ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ
АЛИСОН – КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА – КЛИНЧЕСКА
КЛИФ – ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ
ХЕЛЕНА – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА
За претставата
Џон Озборнверува дека театарот треба да се базира на чувствата и животот на луѓето. Поради тоа, најмногу се занимава со оној вид на театар што нуди витална, емоционална динамика, театар што продира низ класните бариери и сите препреки поставени кон патот на чувствата. Убеден е дека ни требаат нови театарски чувства, како што ни треба и нов театарски јазик.
„Обѕрни се во гневот“ ја отсликува побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните родители кои го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла. Се работи за побуна против светотво којшто владеат материјалните вредности, лицемерието на општеството кон луѓето што се борат за својот напредок а не добиваат ништо, за безволноста, за човечкиот гнев, осаменоста…
-Текстот се поставува по точно 60 години од неговата прва изведба, a темите кои ги обработува, денес сеисто толку актуелни како во времето кога е напишан – вели режисерката Кристина Димитрова.