Одвоеноста на војниците од семејството е најтешкото нешто за нив и покрај се’ она што го преживуваат. Пропуштените прослави, ситуации кои никогаш нема да се повторат, дури и раѓањето на нивните деца.
Брукс Линдзи, војник од Мисисипи доаѓањето на свет на неговата ќерка го следел преку Фејсбук. На американските војници им е дозволено да се вратат дома само ако се знае дека пораѓајот ќе биде компликуван.
Повикот од неговата сопруга Хејли од салата за пораѓај бил вистински шок за него.
“Ми се јави мојот доктор кој ми рече дека притисокот ми е превисок, дека бебето се мачи и дека имам прееклампсија”, рекла Хејли.
Лекарот и рекол да дојде во болница за еден час за да ја породат. Поради тоа нејзиниот маж Брукс добил дозвола да оде дома. Но, нештата не оделе како што сакал, затоа што лет имало дури следното утро.
“Докторот и рече на мојата свекрва да го извади телефонот и да му покаже на Брукс што се случува”, вели Хејли.
Брукс добил 4 дена да помине со семејството. Неговиот израз на лицето додека го гледа пораѓајот преку Фејсбук ги освои луѓето на социјалните мрежи, а видеото на кое се гледа колку е возбуден, стана вирално.