Преку спорт и заедничко учење до градење на пријателства и соживот меѓу различни етникуми

IMG_20160415_131745

Во петокот на 15.04.2016 година, во ООУ “Кирил и Методиј” во населеното место Канатларци, се одржаа две активности во склоп на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието.

IMG_6789

На деветто одделенците од Канатларци на гости им дојдоја врсниците од истоименото училиште од Кочани, кои следат настава на македонски јазик. Децата се дружеја без разлика на различната етничка вероисповед и различниот јазик кој го говорат. Заедно со наставниците од нивните училишта на интересен начин истражуваа за македонските и турските обичаи за свадба, за верските објекти, за карактеристиките и начинот на приготвување на традиционални јадења, како и за познатите македонски и турски автори.

IMG_6997

IMG_6759

IMG_6770

Втората активност од овој проект се реализираше на спортскиот терен со ученици од трето и четврто одделение, кои исто така во мешан состав другаруваа меѓу себе и се забавуваа низ спортско рекреативни игри со инструкторите од Open Fun Football Schools  Macedonia. Спортот е одлична можност за запознавање на двата етникуми и за градење на идни пријателства.

IMG_20160415_121603

IMG_20160415_121353

IMG_20160415_121413




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.