Преку роаминг орел направил огромна сметка

Рускиот мобилен оператор Мегафон се понуди да му го прости долгот за роаминг што 13 ретки орли го направиле на сметка на истражувачки центар во Сибир. Сумата петкратно го надминува нивниот буџет.

Руските орнитолози ја истражуваат преселбата во заштитените степски орли и го следат нивното движење со помош на податоците кои со околувратник за СМС пораки ги пренесуваат преку мрежите на мобилната телефонија.

Но, тие податоци говорат дека орлите летаат неочекувано далеку, па една женка, по име Мин, летнала од Сибир до Казахстан, а притоа нејзиниот околувратник пет месеци не пратил СМС порака. Кога патувањето продолжило во Иран, кога Мин се вратила во мобилната мрежа, уредт одеднаш пратил стотици високотарифни СМС пораки.

Пораките од СИМ картичката на Мин во Иран чинеле огромни 110 долари дневно.

Сепак, за високата сметка не е само Мин виновна. Другите птици одлетале и до Таџикистан, Туркменистан, Пакистан, а една дури и до Судан, открива Елена Шнајдер, истражувачка од Центарот за диви животни во Новосибирск.

Според „Форбс” истражувачите наместо СМС пораки, можеле едноставно да користат бесплатен ГПС-систем.

Во светот денеска има само 50.000 до 70.000 степски орли, а во само Русија – помалку од 10.000, број што и натаму опаѓа. Од 2015 година, тие се заштитен вид. Се гнездат во јужна Русија и Казахстан, а зимите ги минуваат во потоплите и појужни краишта.

Извор: “netpress.com.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.