Започна да се реализира уште еден проект од вториот владин повик на кој Општина Битола имаше најголем брод одобрени проекти.
Градежната механизација ја започна изградбата на пат до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани, а увид во работите направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.
Должината е 580 метри, а ширината на патот 3 метри, плус банкини.
По поставувањето на тампон со дебелина од 25 см, ќе следи и асфалтирање.
Асфалтниот слој ќе биде со дебелина од 7 см, а асфалтната вкупна површина 2029 м2.
Вредноста на овој проек е 5.421.038 денари и средствата се преку Министерството за транспорт.
И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини – велат во соопштението од општина Битола.




























