Големиот христијански празник Св. Петка традиционално се одбележува во истоимениот манастир во битолското село Ношпал.
Оваа година кругот на манастирот е претесен да ги собере сите верници и добронамерници кои дојдоа да запалат свеќа, да се помолат и да уживаат во прекрасната македонска песна.
За забавата синоќа се погрижија група “Носталгија” и Татјана Стефановска, а денеска забавната програма продолжи со настап на културно уметничките друштва: КУД “Божилак” (Ношпал, Добрушево), КУД “Новаци”, КУД “Мирче Ацев” (Тополчани) и КУД “Гоце Делчев” (Битола).
Веднаш по нив забавата продолжи со настап на група “Носталгија”, заедно со Оливер Лозаноски и Елена Велевска.