Со голема забава на платото кај Офицерскиот дом, Битола ја дочека Новата 2026 година. Ниту студеното време не ги спречи битолчани да излезат и заеднички да прослават.
Свој настан на новогодишната вечер имаше групата Нокаут, а зимската приказна во Битола продолжува и во наредните денови, се до Бадник.
































