Македонското ракометно дерби во Битола, помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар заврши без победник 27:27.
Црвено-црните успеаа во последните секунди од натпреварот да се изборат за реми, благодарение на досудениот седмерец и реализацијата на Тимур Дибиров.
Жестоката борба помеѓу лутите ривали за кратко беше ставена во втор план, кога на полувремето навивачите на Еурофарм Пелистер го наполнија паркетот со плишани играчки.
Клубот непосредно пред дербито ги повика своите навивачи да понесат вакви играчки и да ги фрлат на теренот за време на паузата, а истите ќе бидат наменети за дечиња од ранливите категории.
Доколку го пропуштивте натпреварот, можете да го проследите на линкот во продолжение: