Прекрасен настан, врвна организација и многу адреналин – Во Прилеп се одржа првата “Хард ендуро трка – Топташ родео” (Фото галерија)

Во организација на Хард Ендуро клубот од Прилеп, за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп се одржа “Хард ендуро трка – Топташ Родео 2025”.

На настанот пријавени беа повеќе од 30 учесници, кои се натпреваруваа на патеката, која организаторот “Хард Ендуро – Прилеп” ја подготви за овoј настан.

Трката помина во одлична организација со многу возбудувања и адреналин, што е доказ дека на Прилеп му недостигаат повеќе вакви случувања во иднина.

Се натпреваруваа 23 возачи во ПРО категорија и 7 возачи во ФАН КЛАСА, а најдобрите добија медали и вредни подароци од организаторите и спонзорите на трката.

Победник во ПРО КЛАСА беше Фахрудин Бајрамоски, второто место го освои Порча Нуран, а трет беше Адо Цаноски

Во ФАН КЛАСА, првото место му припадна на Енес Мем, а второпласиран беше Јакуп Јакупи.

Од клубот Хард Ендуро – Прилеп упатуваат посебна благодарност до сите, кои со својот допринос помогнаа да се одржи ваков настан за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп.

Благодарност до ПИ “Витаминка – Прилеп” АД, која обезбеди пакети со свои производи за сите натпреварувачи и организатори.

Благодарност до ЈКП “Водовод и канализација – Прилеп”, кои несебично помогнаа да се израмни патот и направи пристап за возила до стартот на патеката

Благодарност до “КДС Кабелнет” и “Греен Мобиле” кои обезбедија финансиска помош за одржување на настанот.

Благодарност до DONTI MOTO, од каде обезбедија подароци за најдобрите на трката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.