Попладнево дојде до прекин на услугите од телекомуникациската компанија А1. Корисниците на мобилната телефонија не се во можност да реализираат ниту додјовни, ниту појдовни повици кон било која мрежа во земјата.
Од компанијата А1 велат дека нивните тимови интензивно работат со цел што поскоро решавање на проблемот.
Во моментов се соочуваме со техничка потешкотија со воспоставување на повици во мобилната телефонија. Во поголем дел потешкотијата е надмината, а техничките служби работат на целосно решавање во најбрз можен рок, велат од компанијата А1.