Прегласувањето во Теарце е прекинато поради немање на технички капацитети за да се спроведе. Имено, 3 часа по отворањето на избирачкото место престана да работи УВ ламбата за проверка на гласачите.
Претседателката на изборната комисија во избирачкото место 2011 каде што се прегласува, рече дека гласањето ќе продолжи за 1 час, колку што е потребно за да се донесе нова УВ ламба за проверка на гласачите од Скопје во Теарце.