Денес се навршуваат 158 години од раѓањето на нашиот прилепчанец, македонскиот професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација, Ѓорче Петров.
По тој повод средното училиште во Прилеп кое го носи името на нашиот револуционер, одржа свечена академија со богата програма во Театарот ,,Војдан Чернодрински”.
Пред преполната сала учениците се претставија со бројни музички и драмски точки и ја искажаа нивната почит кон нивниот патрон.
-Ѓорче Петров бил неуморен борец за самостојна Македонија, а неговата животна девиза била: „Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ.“ Жртвата која шта ја дале за слободата на Република Македонија сите наши херои мораме да ја почитуваме, да ја празнуваме и да ја одбележуваме, за да се потсетуваме секогаш дека Македонија е наш аманет и мораме сите да се грижиме за нашата татковина, да ја чуваме и безусловно да ја сакаме – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески кој присуствуваше на свечената академија.