Во 19 часот и 30 минути на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи возило со непозната марка и регистарски таблици, удрило во пешак.
Се работи за 53-годишната Љ.Ј. од Прилеп по што непознатото лице со возилото го напуштило местото. Во незгодата пешакот Љ.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во Болницата во Прилеп е префрлена во Ургентниот Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и возилото.