По повод 11-ти Мај, Денот на културата во сообраќајот, станицата за технички преглед “Авто Контрол” Прилеп во соработка со МВР и сообраќајната стука при С.О.У “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп, организираше превентивна активност во центарот на Прилеп, преку делење на флаери со едукативна содржина, а со цел да се унапреди сообраќајната култура и да се придонесе за побезбеден и посмирен сообраќај, помалку сообраќајни незгоди и помал сообраќаен метеж.
-Сметаме дека секое незнаење, некултура и непочитување има цена, но незнаењето, некултурата и непочитувањето на правилата и прописите во сообраќајот чинат изгубени човечки животи. Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи, туку истовремено претставува и навика, почитување и применување. Важноста за почитување и применување на правилата да ја пренесеме сите ние заедно на поинаков начин на еден ваков ден – вели Генералната менаџерка на компанијата “Авто Контрол”, Даниела Перканоска.
-Да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот, и заеднички да изградиме систем на општествени вредности во кој културата во сообраќајот ќе имаат водечко место. Да ја зголемиме свеста и одговорноста на нашите клиенти и сограѓани и сите заедно да допринесеме за безбедно учество во сообраќајот, на денот на културата во сообраќајот, како и секој нареден ден – додава Перканоска.