Eдно од големите ветувања во предизборието на актуелниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски, беше изградбата на здравствено-рекреативен центар со покриен базен, кој требаше да се реализира во спортската сала “Mакедонија”.
Mинатата година Јованоски истакна дека проектот нема да се реализира на првичната локација, туку дека ќе се гради во населбата “Точила”. Досега немаше ниту проект, ниту започнување на работите.
Пред речиси еден месец од општината поставија табла на локацијата каде треба да отпочнат со градба.
На локацијата каде наводно ќе се гради, поставена е табла со известување до граѓаните да не отпочнуваат со земјоделски работи, на парцелата која е во сопственост на “СРМ”.
Го посетивме “градилиштето” и забележавме дека таму сеуште нема никаква механизација, ниту пак се изведуваат некакви работи.
Општината и градоначалникот сеуште немаат објавено како ќе изгледа проектот, колку време ќе траат градежните активности и колкава ќе биде неговата вредност.