Во Економскиот факултет во Прилеп, денеска свечено беше одбележан првиот академски час.
Деканката на Факултетот, проф. д-р Татјана Спасеска им посака срдечно добредојде на новите бруцоши и упати честитки за направениот избор, со искрени желби за успешна академска година.
Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски ја поздрави 65-та генерација на бруцоши на најстарата високообразовна институција во рамките на Универзитетот и им упати порака континуирано да го надоградуваат знаењето и да ги користат мобилностите во рамките на алијансата COLOURS и активните меѓународни мрежи во коишто членува Факултетот.
Новата генерација студенти ја поздрави и градоначалникот на општина Прилеп, д-р Борче Јовчески во присуство на пратениците, а во името на Факултетското студентско собрание се обрати студентот Димитар Шопески.
Во текот на церемонијата свечено беа доделени стипендии од Општина Прилеп и стипендии од бизнис секторот односно од компаниите: Комфи Ангел, Прилепска пиварница, ВИК Македонија, Кули и Еуролинк осигурување за студентите запишани во прва година на прв циклус студии во академската 2025/26 год.
Од Економскиот факултет упатуваат голема благодарност до Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, Општина Прилеп и претставниците на бизнис заедницата, коишто во континуитет го поддржуваат Економскиот факултет-Прилеп и го збогатија настанот со своето присуство.