Прво место за младите репортери oд гимназијата “Мирче Ацев” – Прилеп

drvokradci-na-delo

На конкурсот од Програмата „Млади репортери за животната средина“ за најдобра новинарска статија, првото место го освоија Ивана Дукоска и Верица Христоска од I-3 клас од гимназијата “Мирче Ацев”,под менторство на проф. Весна Михаиловска.

Програмата „Млади репортери за животната средина“ е интернационална програма на Фондацијата (FEE) која се спроведува како составен дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ на Министерството за образование и наука.

И оваа година беше распишан конкурс „Млади репортери за животната средина“ за најдобра новинарска статија, за најдобра фотографија и најдобар видео запис за некој локален еколошки проблем.

Според интернационалните критериуми  во конкуренција од 30 новинарски статии од средните училишта во Р.Македонија новинарската статија на Ивана и Верица „Уништувањето на шумите – уништување на гранката на која седиме“ која го третира проблемот на дивото сечење на шумите во Прилепско, го освои првото место. Оваа статија  ќе  биде испратена и на интернационалниот конкурс од Програмата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.