Првото бебе во Новата година во Прилеп е машко!
Два часа по полноќ во одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп, се роди машко дете – дознава Маркукуле.
Majката и детето се добро, а во текот на денот се очекува да ги посети градоначалникот на општина Прилеп, кој традиционално ќе им подари пригодни подароци.
























