Ние не сме преместувале воени и полициски сили. За што се подготвуваат, не знам – порача Вучиќ.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска за време на состанокот со претставниците на Србите од Косово и Метохија, бил известен за движењето на припадниците на Специјалните единици на косовската полиција.
“Одат кон јужниот дел на Митровица. Доаѓаат припадници на РОСУ и КБС, се движат во големи камиони полни со луѓе, кон јужна Митровица, веројатно и кон Баир”, рекол Вучиќ.
Тој додал дека ниту еден припадник на КБС од српска националност не е повикан на работа.