Првиот Air Flow фестивал во Прилеп собра 807.000 ден., пари кои ќе бидат донирани за хуманитарни цели – Погледнете дел од атмосферата (ВИДЕО)

На 13 септември на Спортскиот аеродром во Прилеп се одржa првиот AirFlow Music Festival – спектакл кој донесе голема публика, а кој го пропушти има за што да жали.

Фестивалот започна со настап на прилепскиот рок бенд Lockdown, па следуваа настапи на: The Hounds, Maci Stojanovic b2b Vishko, Andrew Meller и Room313.

Фестивалот имаше хумана мисија, сите средства собрани од продажбата на карти и од спонзорите ќе бидат донирани за потребите на повредените од пожарот во Кочани, преку @supportkocani и Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, а собрани се вкупно 807.500 денари – информираа од организацијата на настанот.

-Овие средства ќе бидат донирани за поддршка на повредените од пожарот во Кочани и за потребите на Центарот за култура „Марко Цепенков“. За целосна транспарентност, ќе објавиме доказ за донацијата. Огромна благодарност до сите вас што бевте дел од фестивалот и придонесовте за оваа хумана цел! Исто така, голема благодарност до Аероклуб Прилеп за бесплатно обезбедениот простор и уникатната сцена со авиони, како и до @partyhub.event.mk за нивната одлична логистика и организација. Се гледаме следната година во уште подобро издание – напишаа организаторите на социјалните мрежи.

Секоја чест за дечките, секоја чест за сите купија карти и за сите кои го поддржаа овој одличен музички настан. Да се надеваме дека идната година овој фестивал ќе продолжи како традиција и ќе се вгради во културната понуда на Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.