Првенче за Победа: На “Тумбе Кафе” падна Шкупи

 

untitled

Во петтото коло од Првата македонска фудбалска лига, екипата на прилепска Победа ја забележа првата победа и ги запиша првите три бода во новата фудбалска сезона.

После неколкуте тешки натпревари во почетните кола, каде поразите донекаде беа и очекувани, победашите ги збија своите редови и го покажаа својот квалитет против екипата на Шкупи.

На стадионот под “Тумбе кафе” во Битола, Победа го порази Шкупи со 2:1 со автоголот на Бајрами во 23-та минута и погодокот на Цветаноски во 37-та.

Гостите многу доцна се вратија во игра, постигнувајќи гол во 90-тата минута, кога Бајрами се изваде за претходно постигнатиот автогол.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.